Дома Фудбал И вакво нешто видовме: Во Валенсија го отпуштиле тренерот затоа што го освоил купот!

И вакво нешто видовме: Во Валенсија го отпуштиле тренерот затоа што го освоил купот!

Поранешниот тренер на Валенсија ја одржа последна прес-конференција на „Местаља“.

Денес е последниот ден на Марселињо на „Местаља“ и по повод тоа тој одржа конференција за новинари која крајно емотивно ја доживеа. Се шпекулираше дека до разделба дошло поради разликите во трансфер желбите со сопственикот Питер Лим.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


И претходно постоеа проблеми на релација тренер-сопственик во Валенсија, но успесите и пласманот во Лигата на шампионите беа причина тие да се санираат. Марселињо ја зачуди јавноста со изјавата дека добил отказ затоа што го освоил купот.

„Сигурен сум дека освојувањето на шпанскиот куп го предизвик сето ова. Во текот на минатата сезона ни зборуваа да го занемариме ова натпреварување. Навивачите и играчите сакаа да го освојат купот, сите тоа го сакавме. Изгледа дека тој трофеј го забрза мојот отказ, кој би очекувал такво нешто“, изјави Марселињо.

Поранешниот тренер на Валенсија наведе дека од Питер Лим добил честитка за влезот во Лигата на шампионите, но не и за освојувањето на купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…