Maуро Икарди нема баш многу симпатии од јавноста и за тоа е самиот виновен заедно со сопругата Ванда чиј потези дополнително придонесуваат за лош имиџ на Аргентинецот.
Од Интер си замина токму поради недисциплината и за негова среќа ПСЖ е како „природна“ средина за таквите (недисциплинирани) фудбалери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На таа тема зборуваше легендарниот фудбалер Паоло Ди Канио.
„Зошто Анчелоти би сакал некој како Икарди во Наполи? Некој кој не може да се извини на соиграчите поради зборовите на неговата жена-менаџер? Освен тоа се што знае Икарди е да постигне гол кога ќе му се сервира идеална шанса. Кога се останатите работи во прашање тој е неспособен за оние работи со кои се одликува еден модерен голгетер. Воопшто не сум изненаден што заврши во ПСЖ. Тој клуб стана дом за проблематичните играчи“, изјави Ди Канио.