Дома Фудбал Италија Интер спрема нов договор на Лаутаро Мартинез

Интер спрема нов договор на Лаутаро Мартинез

Интер ќе се обиде да потпише нови договори со клучните играчи.

Клубот се договори со Данило Д`Амброзио и Самир Хандановиќ, кои се очекува да потпишат нови договори во следните денови, а сега на ред е да започнат преговори со напаѓачот Лаутаро Мартинез.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според информациите на „Gazetta dello Sport“, Интер сака да го продолжи договорот со играчот до 2023. година. Клубот е подготвен да ја удвои платата, која во моментов е 1,5 милиони евра по сезона и таа сега ќе стане 3 милиони по сезона.

Мартинез пристигна на „Сан Сиро“ од Расинг во 2018. година за сума од 14 милиони евра. До сега тој има одиграно 29 натпревари и постигна 7 гола за Интер во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Најдобрата замена во историјата на Премиер лигата“ – тој е тактички гениј!

Практично сите 59 минути, Астон Вила беше притисната на Стамфорд Бриџ. Челси водеше со 1:0…