Дома Трансфер зона Манџукиќ во јануари се сели во Лондон

Манџукиќ во јануари се сели во Лондон

Откако Маурицио Сари го изостави од списокот за Лигата на шампиони, стана јасно дека Марио Манџукиќ не е во плановите на Јувентус оваа сезона.

Во текот на целото лето имаше шпекулации за трансфер на 33-годишниот напаѓач, но тој остана во Торино. Меѓутоа, Манџукиќ во зимскиот преоден рок сигурно ќе го напушти Јувентус.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Медиумите пренесуваат дека Манџукиќ има понуди од Катар, но тој сака да остане во Европа и големи се шансите да ја продолжи кариерата во Премиер лигата.

Имено, Вест Хем веќе стапил во контакт со неговиот агент и испратил понуда, која Хрватот е спремен да ја прифати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…