Дома Фудбал Останато Венгер се враќа, но како селектор?!

Венгер се враќа, но како селектор?!

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер се уште не пронајде нов клуб после заминувањето од Арсенал.

Сепак, како што пренесуваат англиските медиуми тој не ја отфрли можноста да води некоја репрезентација на Светското првенство во Катар кое ќе биде одржано во 2022 година.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Можам да се видам себе си како работам за репрезентација. Би имал доволно време во однос на последната работа и не би имал ништо против. Секогаш сакав да бидам на едно Светско првенство бидејќи таму се најдобрите фудбалери. Се надевам дека ќе ме видите во Катар на СП. Сакам да бидам дел од тој адреналин кој го носи самото натпреварување“, изјави Венгер.

Венгер го напушти Арсенал, а потоа работеше како стручен коментатор во неколку познати телевизиски куќи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ивановски во исклучително тешки услови го заврши маратонот во Токио – над 30 натпреварувачки се откажаа! (Видео)

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски ја продолжи својата голема спортска приказна, откак…