Дома Фудбал Англија Видео: Нова епизода од расправијата меѓу Мане и Салах!

Видео: Нова епизода од расправијата меѓу Мане и Салах!

Ливерпул лесно стигна до победа на гостувањето кај Барнли за перфектен старт во Премиер лигата и максимално „четири од четири“.

Сепак, по натпреварот не се зборува за новата убедлива победа на избраниците на Јирген Клоп, туку за вербалната пресметка на Садио Мане и Мохамед Салах.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Мане жестоко му се налути на Салах кој не му ја додаде топката во една чиста ситуација во самиот финиш на мечот. Својот бес го демонстрираше на клупата кога го смируваа соиграчите.

Овој дуел имаше и втора епизода во тунелот на „Турф Мор“ каде во главна улога беше Роберто Фирмино.

Салах се качуваше по скалите, зад него одеше Фирмино кој со својот израз на лицето како да знае колку ќе биде незгодно и што ќе биде со Египќанецот кога ќе влезе во соблекувалната, додека Мане беше зад нив двајцата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Португалска радио станица со “You’ll Never Walk Alone” се збогуваше од Жота

Диого Жота (28), крилен напаѓач на Ливерпул и член на репрезентацијата на Португалија, тра…