Дома Фудбал Мајнц го налути Баерн, па доби „шестка“ (ВИДЕО)

Мајнц го налути Баерн, па доби „шестка“ (ВИДЕО)

Баерн Минхен во третото коло од Бундес лигата на „Алијанц Арената“ запиша убедлива победа со резултат од 6:1 над Мајнц.

Баварците после победата во минатото коло против Шалке стигнаа до нова победа, но не започна се добро за тимот на Ковач. Боетиус уште во шестата минута погоди за водство на Мајнц од 1:0.

Баерн потоа тргна да доминира и во 36-тата минута стигна до изедначување преку Павар, а во финишот од првото полувреме Алаба постигна гол за 2:1.

Второто полувреме донесе уште поголема доминација на Баерн. Во 54-тата минуа Иван Перишиќ погоди за 3:1, Коман зголеми на 4:1. До крајот натпреварот видовме уште два погодоци кои беа дело на Левандовски и Дејвис за конечни 6:1.

Останати резултати:

Баер Леверкузен – Хофенхајм 0:0

Фрајбург – Келн 1:2

Шалке – Херта 3:0

Волфсбург – Падерборн 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италија ја урна Франција по 64 години – во Брисел ќе се решава за врвот

„Аѕурите“ со пресврт славеа со 3-1 на „Сан Сиро“ и го презедоа првото место. Победа над Бе…