Фудбалерите на Евертон вчера со 4:2 го совладаа Линколн во второто коло од Карабао купот.
Евертон се пласираше во следната фаза без поголеми проблеми откако со 4:2 го совладаа нисколигашот. Во центарот на вниманието после натпреварот се најде бразилскиот играч за врска Ричарлисон кој во 88-та минута го постигна четвртиот гол за својот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ричарлисон го соблече дресот и многумина помислија дека го имитира Меси, па го исмејуваа затоа што мислеа дека погрешно го направил тоа. Месо да го покаже дресот со своето име свртено кон навиввачите, тој ја покажа предната страна, односно грбот на Евертон.
Откако го исмејуваа на социјалните мрежи Ричарлисон се огласи на Твитер и порача:
„Играј за името на клубот од предната страна и тогаш сигурно ќе го запаметат она име од другата страна на дресот“, порача Ричарлисон.
Play for the name on the front of the shirt and they'll remember the name on the back ??⭐️ pic.twitter.com/7ghavaUwJz
— Richarlison Andrade (@richarlison97) August 29, 2019