Дома Фудбал Италија Сари се враќа на клупата за дербито со Наполи

Сари се враќа на клупата за дербито со Наполи

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари дебитантскиот настап на клупата на „старата дама“ најверпјатно ќе го има против својот поранешен клуб Наполи.

Сари поради пневмонија не ги водеше тренинзите во изминатите десетина дена, ниту пак се најде на клупата на отворањето на сезоната против Парма.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Искусниот тренер денес се појави во тренинг центарот и го водеше тренингот на „бјанконерите“.

Дефинитивната одлука дали ќе биде на клупата за дербито против Наполи ќе биде донесена во петок.

Натпреварот од 2-то коло помеѓу Јувентус и Наполи на програмата е во сабота во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Македонските фудбалерки поразени од Азербејџан во Баку

Македонската женска фудбалска репрезентација со пораз ги отвори квалификациите од Лига Ц з…