Дома Македонски спорт МРТ прави БУМ! Ќе гледаме и НБА и НХЛ!

МРТ прави БУМ! Ќе гледаме и НБА и НХЛ!

Конечно имаме за нешто убаво да пишуваме после подолго време кога спортот и директното пренесување на македонските канали е во прашање и повторно во прашање е МРТ.

МРТ веќе обезбеди по еден директен пренос од Серија А и по еден пренос од француската Лига 1, како и по два преноси од македонското фудбалско првенство. Покрај тоа на националниот сервис ќе се пренесуваат и натпреварите на Вардар и Еурофарм во Лигата на шампионите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тоа не беше се сега има нова најава!

Љубителите на спортот во Македонија ќе имаат можност да уживаат и во возбудувања од НБА лигата и НХЛ лигата во хокеј! Оваа информација на социјалните мрежи ја објави спортскиот новинар Драган Николовски. За тоа по колку преноси засега повеќе детали нема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…