Дома Македонски спорт Мак ракомет Браво РФМ, браво МРТ – сега да уживаме и навиваме!

Браво РФМ, браво МРТ – сега да уживаме и навиваме!

Вчера македонската спортска јавност ја израдува веста дека Македонија ќе игра на Светското првенство во Египет.

Ние како прва резерва чекавме некоја од репрезентациите да го откаже учеството. Иако такво нешто изгледаше тешко дека е можно да се случи на крајот токму тоа стана реалност, Чешка се откажа, а ние патуваме на нејзино место во Египет.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кај нас често пати знаеме да критикуваме одредени работи, но како да забораваме да пофалиме кога нешто е добро направено. Во овој случај мора да се пофали Ракометната Федерација на Македонија која најпрофесионално одработи се за да можеме во последен час да отпатуваме за Египет.

Во време на Ковид мора да се направат тестови, да се среди документација и ред други работи…И сето тоа во РФМ мораа да бидат спремни да го направат за помалку од 24 часа затоа што ние веќе утре ќе играме против Шведска. Затоа заслужуваат едно големо БРАВО!

И да не заборавиме мора да се пофали Македонската Радио Телевизија, да не беа тие немаше да го гледаме СП со македонски коментар. Уште неколку дена пред ние да добиеме повик беше објавено дека СП ќе оди со пренос на МРТ. Добро знаеме каква е гледаноста на едно СП во ракомет кај нас кога играме ние и кога не играме, иако секако се работи за голем спортски настан.

Со еден збор се беше професионално завршено на време или како што би кажале „за секој случај“ и тој „случај“ стана реалност, а сега да уживаме и навиваме.

НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…