Тиму Бакајоко ова лето се врати во Челзи после едногодишната позајмица во Милан, но за него нема место во тимот на Лампард.
Лампард му порача на 25-годишниот играч за врска дека слободно може да си бара нов клуб, а за него најсилен интерес покажува неговиот бивши клуб Монако.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бакајоко својата фудбалска афирмација ја доживеа токму во Монако, па би можел да се врати во „кнежевството“.
Монако е во напредни преговори со Челзи за едногодишна позајмица, но проблем е големата плата на фудбалерот. Доколку Челзи се согласи да плаќа дел од неговата плата, тогаш трансферот би можел да се реализира до крајот на неделата.
Talks ongoing: Chelsea softening stance over player’s transfer away #epl: Chelsea remain in talks with Monaco over allowing Tiemoue Bakayoko to rejoin his old club on loan before the end of the transfer window.The post Ta… https://t.co/EfVxrEYv6X pic.twitter.com/So9SD8TowY
— EPL Feeds (@eplfeeds) August 27, 2019