Синиша Михајловиќ е херојот на викендот откако вчера и покрај леукемијата се појави на клупата на Болоња во првиот натпревар во сезоната.
После 40 дена поминати во болница и хемотерапијата Михајловиќ се појави на стадионот „Бентегоди“ и со неговото појавување придонесе за емоции кај фудбалските фанови. За Михајловиќ после натпреварот зборуваше еден од фудбалерите на Болоња, Рикардо Орсолини.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Со Михајловиќ се слушам и гледаме преку видео камера секојдневно. Пред еден месец ни кажа дека сака да биде со нас за првиот натпревар, но ние не мислевме дека е сериозен. Среќни сме што ни приреди изненадување, тоа беше голем мотив за нас. Жал ни е што не победивме. Тој изгуби дел од својата тежина, но страста, решителноста и посветеноста му се исти како и секогаш“, изјави Орсолини.