Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти денес на пресконференцијата пред мечот со Фиорентина одби да зборува за темата Мауро Икарди.
Наполи денес и официјално го претстави Ирвинг Лозано како ново засилување, но не е тајна дека Мауро Икарди е голема желба на раководството.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не ме интересира Икарди и прашањата поврзани со него. Тоа е работа на раководството. Нашите директори се одлични, одлично се засиливме. Јас сум сконцентруран само на тешкиот старт кој не очекува“, изјави Анчелоти.
Пред два дена италијанските медиуми пренесоа дека Наполи доставил понуда од 65 милиони евра, која Интер ја прифатил, па сега се чека одговор од Икарди, кој и понатаму преферира преселба во Јувентус.
„Со доаѓањето на Лозано дополнително го дигнавме квалитетот на тимот. Јас сум многу задоволен од новите засилувања. Треба да го прашате клубот дали ќе пристигнат нови фудбалери до крајот на преодниот рок“, додаде искусниот тренер.
Benvenuto!
— Official SSC Napoli (@en_sscnapoli) August 23, 2019
Welcome!
Bienvenido!
The ?? international is already fitting in well with his new teammates. ?? pic.twitter.com/HO28YQCPvn