Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Милан испратило нова понуда до Атлетико Мадрид за Анхел Кореа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Аргентинскиот напаѓач веќе има договор со „росонерите“ и сака да се пресели на „Сан Сиро“, но двата клуба никако не можат да најдат заеднички јазик околу обештетувањето.
Италијанскиот гигант нуди максимум 45 милиони евра, додека „јорганџиите“ не сакаат да ја пуштат својата ѕвезда за помалку од 55 милиони евра.
„Спортмедиасет“ пренесува дека „росонерите“ ги обновиле преговорите и доставиле нова понуда, која Атлетико е спремен да ја прифати.
Имено, Милан за потписот на Кореа нуди 45 милиони евра, плус 20-30% од следната продажба.
Атлетико наводо е спремен да ја прифати оваа понуда, па се очекува трансферот да се реализира во следните денови.