Долгогодишната лоша навика Маурицио Сари го доведе до голем проблем.
Сари не патуваше со тимот во Трст на пријателскиот натпревар против Триестина, а докторите открија дека има пнеумонија (воспаление на белите дробови). Општо познато е дека тренерот на Јувентус е голем зависник од никотин и дека пуши и по три кутии дневно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатата сезона во Челзи не можеше да пуши на клупата, како и на припремите на „старата дама“ во предсезоната во Азија. Место тоа користеше никотински гуми за џванкање. Сари ијзави дека не му е проблем што не може да запали цигара во текот на натпреарот, но после натпреварот веднаш има потреба за цигара.
Докторите му порачуваат дека мора да мирува, ќе го пропушти гостувањето во Парма на отварањето на Серија А сигурно, а постои и голема можност да не биде на клупата против Наполи, натпревар кој се игра кон крајот на август.
Сари има среќа што после тие два натпревари следи репрезентативна пауза па ќе има време подобро да се опорави, но ситацијата е далеку од идеална. Франческо Бласи кој е еден од најдобрите доктори во Италија за пнеумонија порача дека ако сака Сари да оздрави ќе мора да ги остави цигарите.
„Мора да ги остави. Му се препорачува одмор од еден месец. Јасно е дека го чека опоравување. Не е тоа наивна болест, еден во десет случаи не успева да се излечи, односно околу 10% од случаите завршуваат трагично“, изјави Бласи.
Конечната одлука за тоа кога Сари ќе се врати на терен ќе ја донесат докторите на Јувентус.