Дома Фудбал Англија Гвардиола: Каде тогаш беше ВАР? На кафе?

Гвардиола: Каде тогаш беше ВАР? На кафе?

Пеп Гвардиола го исмејуваше ВАР поради недоследности откако на неговиот Манчестер Сити вчера му беше “украдена“ победата против Тотенхем.

Сити одигра 2:2 со Тотенхем, а во продолжението беше поништен гол на Габрие Жесус откако ВАР заклучи дека претходно е играно со рака од Лапорте. Тоа беа сцени слични на оној епски дуел на овие два тима во ЛШ претходната сезона, кога ВАР го спречи Сити да се пласира во полуфиналето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пеп смета дека ВАР бил наклонет на Спарси во текот на натпреварот. Имаше и една ситуација кога Ерик Ламела очигледно направи пенал, но Пеп низ смеа вели дека ВАР веројатно тогаш бил на кафе.

„Пенал во првото полувреме? Прашајте ги двајцата судии зад голот. Тогаш отидете во Лондон и прашајте го ВАР. Тоа беше пенал. Можеби во тој момент ВАР беше на кафе.“ – изјави Пеп.

„Зошто во четвртфиналето во ЛШ минатата сезона не беше досудено играње со рака на Љоренте? Зошто играњето со рака на Кристенсен не беше регистрирано, а за играчот на Волвс беше? Штета, тоа беше последна минута.“

Сити во првите две кола освои четири бода. Во првото коло го победи Вест Хем со 5:0, додека во второто одигра 2:2 со Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…