Најдобриот тенисер во светот направи се само детето да се чувствува како вистински шампион.
„Ова храбро момче боледуваше од невробластом кога беше бебе од десет дена. Преживеа и сега со право носи маичка на која пишува ‘шампион’. Ова дете е вистински шампион“, напиша Новак на својот Инстаграм профил.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новак направи се само детето да се чувствува како професионалец. Му направи место за седење, му даде вода, а на крајот го избриша и со пешкирот. После тоа, Новак со 2:0 во сетови го совлада Пабло Карено-Буста и се пласираше во четвртфиналето од натпреварувањето.
This kid is an absolute champion ?@DjokerNole #CincyTennis pic.twitter.com/RKjt4vxBZ8
— Tennis TV (@TennisTV) August 16, 2019