Дома Трансфер зона Откриено зошто Манчестер Јунајтед не го доведе Бруно Фернандеш

Откриено зошто Манчестер Јунајтед не го доведе Бруно Фернандеш

Бруно Фернандеш беше многу блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед.

Oдличниот Португалец со месеци се поврзуваше со трансфер на „Олд Трафорд“. Меѓутоа на крајот не дојде до трансфер, па 24 годишниот играч за врска остана во Спортинг.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


„ЕСПН“ сега открива зошто раководството на „црвените ѓаволи“ се откажало од доведување на овој фудбалер.

Во редовите на англискиот гигант сметале дека Фернандеш нема да се вклопи во системот на игра кој го форсира Оле Гунар Солскјер. Тие сметале дека губи премногу топки и дека не е вистински играч за овој клуб.

Дали направиле грешка ќе покаже времето. Фернандеш има уште неколку понуди за продолжување на кариерата и лесно може да се случи до крајот на преодниот рок да го промени клубот.

Во изминатата сезона Фернандеш играше одлично и ја заврши со учинок од 32 гола и 18 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…