Дома Останати Кошарка Видео: Леброн незапирлив, Сан Антонио израмни

Видео: Леброн незапирлив, Сан Антонио израмни

Кливленд води 2-0 против Торонто во полуфиналето на Истокот, додека Сан Антонио израмни против Хјустон во полуфиналната тексашка серија на Западот.

Леброн Џејмс, одигра уште една брилијантна партија и го предводеше Кливленд до нова победа, шеста од почетокот на плејофот. По максималната победа 4-0 над Индијана на почетокот на плејофот, Кливленд победи и на првите две средби против Торонто.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Изминатата ноќ Кливленд славеше 125:103, а Леброн мечот го заврши со 39 поени, шест скока, четири асистенции и три украдени топки. Уште тројца играчи на актуелниот првак постигнаа двоцифрен број на поени: Кајри Иргинг (22 поени, 11 асистенции), Ченинг Фрај (18 поени) и Иман Шамперт (14 поени).

Сан Антонио целосно му се реваншира на Хјустон за поразот во првиот меч. Спарси славеа 121:96, благодарение на серијата 19:0 која ја направија во последната четвртина.

Кавај Ленард уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите играчи во лигата, својот тим го предводеше со 34 поени, со само три промашувања од поле (10/12 за два и 3/4 за три), на кои придодаде осум асистенции, седум скока и три украдени топки.

На спротивната страна потфрли Џејмс Харден кој погоди само трипати од игра (1/8 за два, 2/9 за три). Харден заврши со 13 поени, 10 асистенции и седум скока.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ужасни вести за финалистите од НБА. Останаа без најдобриот играч за следната сезона

ИНДИЈАНА ПЕЈСЕРС официјално потврдија дека нивниот најдобар играч, Тајрис Халибартон, ќе п…