Дома Трансфер зона Се е спремно за првиот голем трансфер на тимот на Бекам

Се е спремно за првиот голем трансфер на тимот на Бекам

Се е спремно за првиот голем трансфер на Интер Мајами кој е во сопственост на Дејвид Бекам.

„AС“ пишува дека првото големо засилување на клубот кој во МЛС ќе се натпреварува од 2020 година ќе биде Едисон Кавани, еден од најдобрите светски напаѓачи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Договорот на Кавани со ПСЖ истекува во јули 2020 година после што би требало да се придужи на Интер Мајами.

Кавани во Европа игра од 2006 година кога пристигна во Палермо. Во изминатите 13 години тој оставил длабока трага на Стариот Континент играјќи уште за Наполи и ПСЖ.

На 32 години Уругваецот одлучил негова наредна дестинација да биде МЛС каде што би пристигнал како слободен играч.

Со оглед на својата репутација и квалитет Кавани веднаш би станал една од најголемите ѕвезди во САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Дали засилувањето на Ливерпул од 85 милиони евра најави заминување со последниот потег?

Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез е честа мета на критики во јавноста поради големиот бр…