Дома Фудбал Останато Мурињо за прв пат открива: Ако тогаш се вратев во Милано, никогаш немаше да потпишам за Реал Мадрид

Мурињо за прв пат открива: Ако тогаш се вратев во Милано, никогаш немаше да потпишам за Реал Мадрид

Жозе Мурињо оствари големи успеси во повеќе европски гиганти во кои работеше во изминатите 10 години, меѓутоа самиот повеќе пати истакнуваше дека со Интер има посебна врска.

Португалецот со Интер успеа да стигне до триплета (Копа Италија, Серија А, Лига на шампионите) и тоа беше нешто кое претходно не го направил ниту еден италијански клуб.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Сега Мурињо додека се уште е без ангажман во едно интервју откри нешто кое досега јавно го немал кажано.

„Ќе кажам нешто што досега никогаш не сум го кажал јавно. Кога ја освои Лигата на шампионите со Интер не се вратив во Милано само поради една причина – ако се вратев никогаш немаше да сакам да одам во Реал Мадрид. Тогаш немав потпишано договор, но одлуката веќе ја донесов и не се вратив за да ги избегнам емоциите, дури не влегов во соблекувалната после натпреварот. Реал претходно веќе го имав одбиено два пати не можев да го направам тоа и трет пат. Тие моменти ми недостсуваат, освоивме три трофеи во 15 дена, а Милито постигна четири гола. Се беше неверојатно“, порача Мурињо.

Во таа историска 2009/2010 член на Интер беше и македонскиот капитен Горан Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Новинарите го изненадија Спалети: Не ми се верува дека морам да зборувам за ова

Италијанскиот селектор Лучијано Спалети демантираше дека им забранил на фудбалерите да игр…