Дома Трансфер зона Падна договор: Барселона договори лев бек!

Падна договор: Барселона договори лев бек!

Левиот бек на Бетис, Жуниор Фирпо се наоѓа на чекор од трансфер во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Мундо Депортиво“ објави дека двата тима конечно постигнале договор и трансферот ќе се официјализира во следните денови.

22-годишниот Фирпо одигра одлична сезона во Бетис, а на „Камп Ноу“ ќе пристигне како алтернатива за Жорди Алба и ќе потпише договор на 5 години.

Барселона за неговиопт потпис ќе плати 25 милиони евра, а шпанскиот репрезентативец ќе потпише договор до 2024 година.

Тренерот Валверде инсистираше да биде доведен еден лев бек, а Фирпо беше негов прв избор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…