Дома Фудбал Италија Роналдо: ЛШ ја освојува само еден клуб, видете колку пари потроши Барса изминатите четири години!

Роналдо: ЛШ ја освојува само еден клуб, видете колку пари потроши Барса изминатите четири години!

Кристиано Роналдо вчера се врати во Мадрид, каде доби награда за „животно дело“, која ја доделува весникот „Марка“.

Португалецот минатото лето се пресели во Јувентус и верува дека наскоро ќе ја освои Лигата на шампиони, иако тврди дека тоа не му е опсесија.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Секоја година јавноста вели дека е година на Јувентус, на Реал Мадрид, на Барселона. Натпреварување како Лигата на шампионите го освојува само еден. Ќе ви дадам добар пример со Барселона. Колку пари потрошија во изминативе четири години за нови играчи, а и покрај тоа не ја освоија Лигата на шампионите. Едноставно тоа не функционира така. Јуве се засили многу добро, тоа е тим кој се бори за победи, но освојувањето на Лигата на шампионите зависи од многу фактори“, тврди Роналдо.

„Групата во која се наоѓате, противниците кои ќе ги имате, моментумот на тимот, повредите на играчите, и секако среќата. Не смее Лигата на шампионите да стане опсесија. Јуве ќе ја освои сигурно, ако не оваа година, за една или две. Поради начинот на кој работи клубот, ги има сите предуслови да го освои овој трофеј во блиска иднина“, заклучи Португалецот, кој истакна дека повеќе не го инетресираат „Златни Топки“.

„Не знам дали ќе освојам шеста Златна топка, но најважна работа е мојата кариера да продолжи добро. Трансферот во Јувентус ми даде нова мотивација, ми беше потребна промена, но гладта за победи не ми недостасува. Сакам да продолжам на високо ниво. Не ми беше лесно да го напуштам Реал Мадрид по толку долг период и на 33 години да отидам во друга лига како што е Серија А, со нови соиграчи“, изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Им се случува и на најдобрите: Фудбалер на Лил си поигра со Модриќ 🎥

За разлика од натпреварот против Штутгарт кога со влегувањето на Лука Модриќ во игра Реал …