Дома Фудбал Хамес после две години повторно тренира со Реал, Атлетико песимист за трансферот

Хамес после две години повторно тренира со Реал, Атлетико песимист за трансферот

Офанзивниот играч за врска на Реал Мадрид, Хамес Родригез се појави на денешниот тренинг на „кралевите“.

Колумбиецот се врати во Реал после двегодишна позајмица во Баерн Минхен и неговата иднина се уште е нејасна.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Хамес доби поголем одмор поради настапот на Копа Америка, па денес се врати на тренинзите заедно со Каземиро и Милитао.

За Хамес силен интерес покажуваат Атлетико Мадрид и Наполи, меѓутоа „јорганџиите“ се песимисти за реализација на трансферот бидејќи Реал не сака да го даде играчот на градскиот ривал.

Од друга страна пак Наполи го сака Хамес на позајмица, опција која не му се допаѓа на „кралевите“ и поради тоа големи се шансите Колумбиецот да остане на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Садио Мане зборуваше за односот помеѓу него и Салах во Ливерпул

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Садио Мане, исто така ја изнесе својата верзија за односи…