Дома Трансфер зона Милан веднаш најде замена за Кутроне – пристигнува ѕвездата на Лил

Милан веднаш најде замена за Кутроне – пристигнува ѕвездата на Лил

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е во завршни преговори со Вулверхемптон за трансфер на младиот напаѓач Патрик Кутроне.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Росонерите“ од продажбата на Кутроне ќе инкасираат 20 милиони евра плус боноси, но веднаш ќе донесат замена за напаѓачот.

Медиумите во Италија тврдат дека Милан е на чекор до напаѓачот на Лил и португалски репрезентативец Рафаел Леао.

20-годишниот Леао имаше одлична сезона во дресот на Лил и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а „росонерите“ за неговиот потпис ќе платат 22 милиони евра.

Се очекува веднаш штом ќе биде комплетиран трансферот на Кутроне, Леао да пристигне на лекарски прегледи во Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…