Дома Трансфер зона ПСЖ и го „украде“ на Барса најголемиот талент

ПСЖ и го „украде“ на Барса најголемиот талент

Еден од најголемите таленти во академијата на Барселона, „Ла Масија“, Чави Симонс си замина од клубот како слободен фудбалер.

Симонс кој наполни 16 години требаше да потпише прв професионален договор со Барселона и да се приклучи на вториот младински тим, но Барселона не успеа да најде заеднички јазик со неговиот агент Мино Раиола.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Чави Симонс преку Твитер денеска се збогуваше со дресот на Барселона, а шпанските медиуми тврдат дека ПСЖ е неговата следна дестинација.

„Оставам дел од мене во Барселона. Еден дел од мене секогаш ќе биде со Барселона. Ова е комплициран ден за мене, никој не сака да се збогува и да каже чао на клубот кој бил твој дом со години“, порача Симонс.

Медиумите тврдат дека Барселона одбила да му ја даде бараната провизија на Раиола, а ПСЖ веднаш се согласил да плати и ќе го добие потписот на големиот талент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…