Гонзало Игуаин вчера постигна гол протов Тотенхем, но челниците на Јувентус јасно му ставија до знаење дека нема иднина во тој клуб и ќе мора да си замине ова лето.
Игуаин ова лето се врати во Јувентус откако му истече позајмицата во Челзи, а лондонскиот клуб се одлучи да не го откупи неговиот договор и да го задржи на „Стемфорд Бриџ“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако од почетокот беше јасно дека Јуве сака да го продаде тој и понатаму се надева дека ќе остане, а тоа е и желба на новиот тренер Сари. Аргентинскиот напаѓач вчера постигна гол и покажа дека е во добра форма, но очигледно тоа нема да му помогне.
„Газета дело Спорт“ и денес објави дека „бјанконерите“ и понатаму не сметаат на Игуаин и дека одлучиле да го продадат летово. Тоа и му го порачале после вчерашниот меч, со цел да му дадат до знаење дека и добирте игри на припремите нема да му помогнат.
Познато е дека Рома сака да го доведе Игуаин како замена за Един Џеко, но Аргентинецот во моментов одбива да се пресели на „Олимпико“.