Помеѓу многумина кои го коментарии неспортското однесување на британската публика кон Новак Ѓоковиќ се најде и Барбара Шеф Игл, поранешната австриска тенисерка.
43 годишната Австријка која денес работи во „Еуроспорт“ смета дека Новак е виновен што публиката не го сака како неговите најголеми ривали.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Причината зошто Новак во финалето немаше поддршка како Роџер лежи во тоа што не е доволно природен. Како во онаа ситуација кога ја јаде тревата на крајот од мечот. Сето тоа изгледаше исценираше и луѓто тоа го чуствуваат. Новак едноставно не е природен како Федерер и луѓето оправдано имаат лош впечаток за него“.
„Федерер е миленик на публиката. Најстар играч и постигна толку многу, а се уште е културен и стои на земја“, порача Шеф која додаде дека работите ќе се свртат во корист на Новак можеби кога тој ќе има 37 години.
„Кога Новак ќе има 37 години можеби работите ќе се свртат во негова корсти. Така беше порано и со Мекинро. Како што се приближувате кон крајот на кариерата имате се повеќе навивачи“.