Дома Трансфер зона Арсенал заврши два големи трансфери, но Емери бара повеќе

Арсенал заврши два големи трансфери, но Емери бара повеќе

emery

Арсенал ја доби битката за Дани Себаљос.

Тие се единствените кои се согласија на условите на Реал, имено станува збор за едногодишна позајмица без право на откуп. Се разбира дека тоа не е најдобро решение, но Арсенал со мали средства не може да бира, се разбира дека младиот шпански репрезентативец ќе биде големо засилување.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Емери се обидува да ја заврши работата околу Тирни, левиот бек на Селтик, но Шкотите постојано ги зголемуваат очекувањата, изгледа дека сумата е поголема од 30 милиони евра. Сепак, самиот фудблаер е мотивиран, остнаува да се види структурата на плаќања на трансферот, изгледа дека на крајот од оваа недела играчот ќе се пресели во Премиер лигата.

Се зборува за Даниел Алвеш, тој е спремен да се согласи на помали примања за да заигра за Арсенал, но и понатаму многу бара, односно за сезона околу 10 милиони евра. Изгледа дека без заминување на Озил, од оваа работа нема да има ништо.

Емери сепак најавува неколку звучни засилувања, ќе видиме дали семејството Кренке ќе одлучи да ја отвори касата, но изгледа дека Заха е далеку од „Емирати“ и дека Палас нема да го пушти. Некои медиуми јавуваат дека клубот е блиску да го купи Греми од Евертон кој играше одлично на Копа Америка и дека сумата ќе биде околу 30 милиони евра, иако нема некои прецизни детали.

Во секој случај, Шпанецот има ветување дека тимот ќе биде засилен, но да повториме, дека со овој трансфер буџет не е реално да се очекуваат некои големи имиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…