Се поголем е бројот на оние кои сметаат дека Ѓокови ќе најголем тенисер на сите времиња. Сепак, во категоријата која најмногу се споменува, бројот на освоени грен слемови, српскиот тенисер е на третото место.
Со победата во епската борба против Федерер во финалето на Вимблдон се приближи на Шпанецот Рафаел Надал на две титули и на четири на рекордерот Роџер Федерер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новак веќе следната година би можел да го стигне Федерер, во овој момент според обложувалниците е фаворит на три од четирите грен слемови. Само на Ролан Гарос Ѓоковиќ не е рангиран највисоко, таму најголеми шанси очекувано му се даваат на Надал.
Голем чекор кон достигнување на рекордот на Федерер српскиот тенисер направи токму во неделата. Доколку Федерер искористеше една од двете меч топки на негов сервис и го освоеше Вимблдон на Новак ќе му побегнеше на шест. Вака Ѓоковиќ дојде на четири, но Србинот е помлад цели шест години од Федерер кој има 38. Би можел да го достигне и по титулите на Вимблдон. До овој момент Ѓоковиќ има три помалку (8:5). На УС Опен е 5:3.
Треба да се случи чудо за Ѓоковиќ да ја испушти предноста над Федерер на Мастерсите, најважните турнири после грен слемовите. Новак има 33, Роџер 28. Новак е единствен кој ги освоил сите Мастерси, Роџер никогаш не се радувал на титула во Рим и Монте Карло и прашање е дали воопшто ќе игра на тие турнири.
Федерер има шест освоени завршни Мастерси, Ѓоковиќ пет и изедначувањето ќе го брка на крајот на годината во Лондон.
Најтрофејниот тенисер на сите времиња е рекордер по бројот на недели поминати на 1-то место на АТП. Федерер вкупно 310 недели бил првопласиран, Ѓоковиќ има 50 помалку.
Единствениот рекорд кој изгледа недостижен за Ѓоковиќ во овој момент е бројот недели во низа поминати на првото место на АТП. Федерер прв рекет во светот бил 237 недели во низа, а Ѓоковиќ е во низа од 37 недели и треба скоро во следните четири години да биде на тронот за да го сруши и овој рекорд.