Киа Јорбачијан, агентот на Фелипе Кутињо изрази несигурност за иднината на неговиот клиент во Барселона, а најмногу го загрижува потенцијалниот трансфер на Нејмар.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Тој сериозно се сомнева дека Барселона би можела да го изневери неговиот клиент и да го стави на трансфер листата иако тие му ветиле дека Кутињо ќе остане на „Камп Ноу“.
„Генералниот менаџер на Барселона, Пеп Сегура ми вети дека нема да го продаде Кутињо ова лето. И тој и претседателот ми го кажаа истото. После тоа одлучивме да не излегуваме на пазарот и затоа нема никакви понуди“, изјави Јорбачијан.
Потоа тој изрази и несигурност.
„Советникот на Барселона во Бразил сака да го вклучи Кутињо во договорот за Нејмар, го знам тоа. Досега молчев, но нема да дозволам Барселона да лаже. Време е клубот јавно да ја каже вистинсата за мојот играч“, изјави агентот на Кутињо.