Дома Трансфер зона Хаким Зијеш пред трансфер кој ќе изнесува 30 милиони евра

Хаким Зијеш пред трансфер кој ќе изнесува 30 милиони евра

Долго време Баерн Минхен се мачи да пронајде замена за легендарниот тандем (Рибери – Робен). Многу умиња се поврзуваа во медиумите со германскиот шампион, а изгледа изборот на крајот паднал на Хаким Зијеш од Ајакс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Холандскиот сајт „Бладна“ се повикува на свои извори, но и извори на „Билд“ и тврди дека Мароканецот е на чекор од трансфер во Баерн за сума од 30 милиони евра.
Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ неодамна се сретнал со агентот на Зијеш, Мустафа Нахи и му ја претставил официјалната понуда која наводно била прималива.

Зијеш ја одигра најдобрата сезона во кариерата и ја круниса со освојувањето на двојна круна со Ајакс во Холандија. На 49 натпревари за Ајакс Зијеш постигна 21 гол и запиша 24 асистенции.

На крајот се наведува дека ова не значи дека Баерн се откажува од Калум Хадсон Одои, германскиот шампион го сака и Одои во своите редови. Според последните информации Германците испратиле понуда на адреса на Челзи во износ од 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…