И оние кои не се големи љубители на тенисот би можеле да седнат пред ТВ бидејќи Роџер Федерер и Рафаел Надал можеби го играат еден од нивните последни меѓусебни натпревари во кариерите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Едно од најголемите ривалства во светот на спортот денес ќе доби 40-то продолжениа и тоа на култниот централен терен на Вимблдон каде што последен пат се сретнаа во 2008 година. Тогаш го одиграа еден од најдобрите мечеви историјата на тенисот, а Надал на крајот победи и го освои трофејот.
Во тој меч тогаш видовме пет сета кои траеа цели четири часа и 48 минути.
Денес, 11 години подоцна во поодминати играчки години Надал и Федерер одново се во самата завршница на Вимблдон, а овој пат ќе играат во полуфиналето. Федерер ќе ја „брка“ 16-тата победа во меѓусебните мечеви, а Надал 25-тата.
Двајцата без поголеми проблеми стигнаа до полуфиналето. Надал до сега изгуби само еден сет и тоа во второто коло против Ник Кирјос, додека Федерер изгуби два сета, против Нишикори и Харис.
Нивниот меч е на распоред од 16:00 часот, а во првото полуфинале ќе се сретнат Ѓоковиќ и Роберто Баутиста Агут.
Ќе потсетиме, титулата на Вимблдон ја брани Ѓоковиќ кој во минатото финале го совлада Кевин Андерсон со лесни 3:0 во сетови во полуфиналето.