Дома Фудбал Останато Пандев дојде да даде поддршка на неговиот тим пред европското деби (ФОТО)

Пандев дојде да даде поддршка на неговиот тим пред европското деби (ФОТО)

Академија Пандев во четврток на арената „Тодор Проески“ ќе го има европското деби во рамките од квалификациите за Лигата на Европа.

Денес фудбалерите на клубот од Струмица добија дополнителен мотив. Имено, капитенот на македонската фудбалска репрезентација и сопственик на Академија Пандев, Горан Пандев се појави на тренингот да им посака среќа на фудбалерите пред натпреварот против Зрињски.

„Пандевци“ во сезоната која е зад нас го освоија Купот на Македонија и на тој начин обезбедија квалификациите во второто по ранг натпреварување во Европа.

Фотографијата е превземена од „Дрнка.Мк“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Руни не го сака медалот од 2012: Не го заслуживме!

Рио Фердинанд и Давид де Хеа би ја прифатиле титулата за сезоната 2011/12 доколку истата м…