Дома Трансфер зона Зидан врши притисок на Перез за Погба и уште еден играч за врска

Зидан врши притисок на Перез за Погба и уште еден играч за врска

Реал Мадрид добро се засили ова лето, но тренерот Зинедин Зидан сака уште засилувања.

„Кралевите“ ги доведоа Еден Азар, Лука Јовиќ, Ферланд Менди, Едер Милитао, Родриго, но до крајот на преодниот рок ќе има барем уште едно или две засилувања.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно Зидан од претседателот на клубот Флорентино Перез побарал да му бидат доведени уште двајца играчи за врска иако во овој момент ги има: Модриќ, Касемиро, Крос и Валверде.

Негов приоритет е Пол Погба и Реал се обидува да го доведе од Манчестер Јунајтед, а „Марка“ пишува дека Реал за неговиот потпис ќе се бори до последната минута од преодниот рок.

Покрај тоа се наведува и дека мета е одличниот играч за врска на Ајакс Дони Ван Де Бек.

Кај Ван Де Бек Реал би можел да има предност затоа што според италијанската „Газета“ тој има желба да премине во Мадрид.

Претходно Ван Де Бек се поврзуваше со: ПСЖ, Милан, Реал, Баерн…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …