Марио Балотели можеби ќе се врати на Островот!
Додека лудо се забавува во неговата родна Италија Марио Балотели истовремено ги разгледува можностите каде би можел да ја продолжи кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После одиграната полусезона во Марсеј сега е слбооден во изборот на новата средина, а според последните информации од Островот тој има желба да се врати во Премиер лигата.
Според информациите на „Телеграф“ Вест Хем покажал интерес, но не бил сигурен за Балотели кој отворено преку својот агент се понудил на „чеканите“. Вест Хем заработи 25 милиони евра и остана без Марко Арнаутовиќ кој направи трансфер во Кина.
Претходно како замена за Арнаутовиќ Вест Хем се поврзуваше и со Макси Гомез од Селта за кого се интересираше и Валенсија и ако ја изгубат оваа трка тие своето внимание ќе го насочат кон Балотели.
Претходните три сезони Балотели ги помина во Франција каде што го носеше дресот на Марсеј и Ница, а во Премиер лигата има искуство со играње во Манчестер Сити и Ливерпул.