Дома Фудбал Останато Скандал: „Поцрвениот“ Меси одби да го прими медалот (видео)

Скандал: „Поцрвениот“ Меси одби да го прими медалот (видео)

Фудбаската репрезентација на Аргентина го освои третото место на Копа Америка, откако синоќа го победи Чиле со 2:1.

Но, тоа што остави сенка на натпреварот беше црвениот картон што го доби Лео Меси во 37 минута, по инцидентот со Гари Медел кој исто така беше исклучен од игра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ваквиот потег на судијата уште повеќе ја зголеми разочараноста на Меси од целата организација на првенството така што дури одби да го прими бронзениот медал.

„Мислам дека најмногу заслуживме по жолт картон со противничкиот фудбалер за едно вообичаено кошкање какви што има многу на еден натпревар. Мислам дека црвениот картон беше порака за мене, своевидна казна за изјавите кои претходно ги имав дадено за судењето и целокупната организација на турнирот“.

„Не го зедов медалот бидејќи не сакам да бидам дел од оваа корупција. Но, не сакам да се потсетувам на тоа, туку на позитивниот начин на кој Аргентина го заврши настапот на Копа Америка“, изјави Меси.

https://youtu.be/RAisFgY23jw

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…