Дома Останати Тенис Гауф: Замор? Јас имам 15 години и можам да играм два меча во ист ден

Гауф: Замор? Јас имам 15 години и можам да играм два меча во ист ден

Американката Кори Гауф и понатаму е главна тема на Вимблдон.

Фантастичната 15 годишна тенисекра вчера во третото коло ја победи Полон Херцег.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За Гауф ова е прв грен слем на кој влегла на главниот турнир. Сметајќи ги и квалификациите таа веќе доби шест меча во кои изгуби само еден сет. Иако на теренот помина многу минути во оваа силна конкуренција, Гауф изгледа и тоа како свежо:

„Не, не сум уморна. Видов дека има грчеви и дека бара лед да ги олади мускулите и знаев дека во еден момент ќе имам предност поради нејзиниот умор. Јас имам само 15 години и полна сум со енергија мене не ми е проблем и да одиграм два меча во ист ден како што беше случај во јуниорските денови“, изјави Гауф.

Освен Гауф внимание привлече и нејзината мајка која емотивно го доживуваше секој нејзен поен.

„Ве молам кажете ми дека ќе стане меме на интернет. Веднаш после натпреварот се вклучив на Инстаграм и видов во еден пост како прави нешто со рацете. Не и кажав, но знаев дека тоа ќе се рашири“, низ смеа зборуваше Гауф.

Со влегувањето во четвртото коло таа заработи 223.000 долари што е три пати повеќе од нејзината досегашната заработка кога во прашање се турнирите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ќе добие 13,5 милиони евра од Нетфликс за снимање документарец!?

Новак Ѓоковиќ би можел да биде следната ѕвезда на Нетфликс. Информацијата дека оваа ТВ пла…