Дома Фудбал Де Јонг претставен на „Камп Ноу“: Ќе играм со мојот идол! (видео)

Де Јонг претставен на „Камп Ноу“: Ќе играм со мојот идол! (видео)

Холандскиот фудбалер Френк де Јонг потпиша договор со Барселона уште во јануари, а вчера ја имаше официјалната презентација во каталонскиот клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Де Јонг минатата година блесна во дресот на Ајас и беше мета на многу европски гиганти, но Барселона ја доби битката за неговиот потпис кој чини 75 милиони евра.

Де Јонг на презентацијата истакна дека е пресреќен што ќе игра заедно со својот идол Лео Меси.

„Како дете сонував да играм за Барселона. Среќен сум што ќе имам можност да играм со Меси, кој ми е идол од детството. Мојот идол сега ќе биде мој соиграч, чувството е неверојатно“, изјави Де Јонг.

„Ми се допаѓа како игра Барселона. Филозофијата на игра помеѓу Барса и Ајакс е доста слична и мислам дека ќе уживам. Барселона и Холандија секогаш имале одлична, специјална врска и се надевам дека ќе ја продолжам таа традиција. Сакам да станам еден од големите Холанѓани кои играле за Барселона“, додаде Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Што ќе се случи со Рашфорд: Барселона донесе конечна одлука за Англичанецот

Маркус Рашфорд „излегува“ од плановите на Барселона, со оглед на тоа дека Каталонците цело…