Според тврдењата на англиските медиуми, Пол Погба во наредните денови и официјално ќе испрати барање за трансфер до раководството на Манчестер Јунајтед.
Французинот не го променил мислењето, сака промена на средината, а Манчестер Јунајтед веќе му најде замена и брза да го договори трансферот на Бруно Фернандеш од Спортинг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најсилен интерес за Погба покажуваат Реал Мадрид и Јувентус, а играчот е задоволен со било која од овие две опции, но никој не сака да ја плати сумата од 160 милиони евра колку што бараат „црвените ѓаволи“.
Двата клуба се обидуваат да понудат играчи плус пари. Јувентус нуди 70 милиони евра плус Дибала, додека Реал е спремен да го даде Герет Бејл плус 80 милиони евра.
Јунајтед е свесен дека ќе мора да прифати една од овие две понуди, бидејќи не сака да има незадоволен фудалер во своите редови и смета дека така додатно ќе падне неговата цена.