Дома Трансфер зона Тотенхем и Лион се договорија: Ндомбеле пристигнува и руши два рекорди!

Тотенхем и Лион се договорија: Ндомбеле пристигнува и руши два рекорди!

Еден од играчите кој зад себе има одлична сезона е фудбалерот на Лион, Тангуј Ндомбеле, кој со своите игри го привлече интересот на многу клубови.

Сепак, изгледа дека неговата иднина се знае, бидејќи неговиот трансфер во англиската лига е во самата завршница. Тој би требало да ја засили екипата на Тотенхем, кој за неговите услуги ќе мора да плати 62 милиони евра на Лион веднаш и дополнителни 10 милиони евра со различни бонуси.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Даниел Леви, инаку познат по тоа што не сака да троши многу пари и затоа Тотенхем е долго без засилувања, изјави дека Ндомбеле е тип на играч кој го бара. Трансферот на Ндомбеле ќе биде најголемиот излезен трансфер од Франција, со што ќе биде срушен трансферот на Лаказет во Арсенал, кој беше платен 53 милиони евра.

Освен тоа, Тотенхем ќе го сруши клупскиот рекорд за влезен трансфер кој е поставен кога Санчез од Ајакс пристигна за 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн Минхен ја одреди цената за Кимих

Ова лето Баерн Минхен може да остане без својот играч за врска Џошуа Кимих. Кимих има дого…