Македонскиот репрезентативец Бобан Николов ова лето би можел да направи чекор напред во својата кариера.
Николов е член на Мол Види, но поради добрите настапи во овој клуб би можел да заигра во едно од најдобрите првенство во Европа.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Италијанскиот „Тутомеркато“ пишува дека Николов е на мета на новиот италијански прволигаш Бреша. Оваа сезона Бреша после подолго време повторно ќе игра во најсилната италијанска конкуренција и во Николов гледа фудбалер кој може да придонесе да изборат опстанок што секако ќе биде главна цел на овој клуб.
„Тутомеркато“ ја открива и сумата за која би можел Николов да се пресели во Николов, наводно Италијанците се спремни да понудат еден милион евра.