Дома Топ вести Реал не го сака: Каква ќе биде иднината на Ериксен?

Реал не го сака: Каква ќе биде иднината на Ериксен?

Кристиан Ериксен јавно потврди дека нема намера да го продолжи договорот со Тотенхем и дека е спремен да ја промени средината ова лето.

Негова најголема желба беше трансфер во Реал Мадрид, но последните информации од Шпанија се дека „кралевите“ се откажале од негов ангажман.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


После трансферот на Еден Азар и потрошените 300 милиони евра, „кралевите“ сакаат да направат уште еден голем трансфер, но приоритет е Пол Погба, па затоа се откажаа од Данецот.

Ериксен има уште една година од договорот со Тотенхем, па „спарси“ ќе мораат да го продадат ова лето за да зарботат од неговото заминување.

Интерес за Ериксен во моментов покажуваат Манчестер Јунајтед и Јувентус. Меѓутоа, „бјанконерите“ не сакаат да ја платат сумата од 100 милиони евра, колку што бара Тотенхем за неговата слобода.

Поради тоа Манчестер Јунајтед се смета за фаворит за потписот на Ериксен, бидејќи „црвените ѓаволи“ нема да жалат пари за да го донесат на „Олд Трафорд“.

Останува да видиме дали Ериксен ќе прифати да се пресели во редовите на големиот ривал, но Јунајтед е спремен да му понуди богат договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид како замена за Карвахал сака играч на Манчестер Јунајтед?

Реал Мадрид внимателно го следи развојот на одбранбениот играч на Манчестер јунајтед, Диог…