Дома Трансфер зона Договорен првиот голем трансфер на „Чизмата“: Манолас се сели во ривалот на Рома!

Договорен првиот голем трансфер на „Чизмата“: Манолас се сели во ривалот на Рома!

Анчелоти добива супер засилување во одбраната!

Како што пред малку објави новинарот на „Скај“, Фабрицио Романо Рома ја прифатила понудата и грчкиот стопер, Костас Манолас ќе се пресели во Неапол.
Манолас се поврзуваше и со Јувентус, но сепак изгледа дека Наполи победил во трката.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Стоперот ќе биде сериозно засилување за тимот на италијанскиот стратег Карло Анчелоти.

Според информациите, Рома прифатила понуда од 20 милиони евра, плус услугите на Амаду Диавара.

Тие стигнаа и до информации за договорот кој ќе го има Манолас со Рома. Наводно, тој ќе заработува 3.5 милиони евра по сезона со можност за бонус од еден милион евра. Кога е другата страна во прашање, Диавара сега треба да ги договори условите со Рома, но не се очекува да има некакви проблеми.

https://www.youtube.com/watch?v=TMXZeWSZwoc

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…