Реал Мадрид имаше сезона за заборав, па претседалот Флорентино Перез реши да го одврзе кесето и да направи реконструкција на тимот.
„Кралевите“ се исклучително активни во летниот преоден рок и веќе претставија пет засилувања за следната сезона за кои клубот одбвои 300 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, тоа не е крај за летниот шопинг на Реал Мадрид. Зидан сака уште еден врвен играч за врска, а прва мета е Пол Погба.
Французинот јавно изјави дека е спремен за нов предизвик во кариерата, но проблем е високата цена која ја постави Манчестер Јунајтед. Имено, „црвените ѓаволи“ за неговата слобода бараат 150 милиони евра.
Реал може да има проблеми со Финансискиот фер-плеј, па поради тоа има и „план Б“. Денешното издание на „Марка“ пренесува дека Реал ќе се насочи кон ѕвездата на Ајакс, Дони ван де Бек.
Ван де Бек блесна оваа сезона, особено со настапите во Лигата на шампиони, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Зидан смета дека 22-годишниот играч за врска одлично ќе се вклупи во неговиот систем, притоа е многу поефтина варијатна од Погба. Цената на Холанѓанецот во моментов изнесува помеѓу 50 и 60 милиони евра, што за „кралевите“ сигурно нема да биде проблем.
Real Madrid have identified Ajax’s Donny van de Beek as a key transfer target should they fail to land Paul Pogba. [MARCA] pic.twitter.com/2F0aZ613f8
— Transfer News (@TransfersLlVE) June 26, 2019