Дони ван де Бeк по периодот во Ајакс каде што го играше најдобриот фудбал не успева да ја пронајде својата вистинска форма.
Веќе е јасно дека во Манчестер Јунајтед нема место за него, не се снајде ниту во Евертон, а како што изгледа ситуацијата ништо подобро за него не е ниту во Франкфурт.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Од Германија доаѓа вест дека Ајнтрахт нема намера да ја активира клаузулата од само 12 милиони евра за да го купи Холанѓанецот од Манчестер Јунајтед.
Тој пристигна на позајмица во зима, но досега одигра само шест натпревари во Бундеслигата и собра 320 минути на теренот. Дони ван де Бик очигледно има проблем да ја најде формата, иако веројатно и има проблем и на психолошки план.
Јунајтед за него плати дури 40 милиони евра во летото 2020 година, очекувањата беа големи, но тој никогаш не беше ни блиску да ги исполни.
Далеку е и од репрезентацијата, а има само 26 години и се чинеше дека сега треба да биде на врвот на кариерата.