„Старата дама“ на крајот сепак би можела да го добие она што го посакува.
Една од големите желби на Јувентус ова лето е крилниот фудбалер на Фиорентина, Федерико Киеза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одличниот Италијанец своите можности ги демонстрираше и на Европското првенство за играчи до 21 година во Италија и Сан Марино. Киеза постигна три гола иако Италијанците не се пласираа во полудиналето.
Покрај настапите за младинската селекција Киеза е редовен и во сениорската селекција. Манчини е свесен за неговите квалитети и често пати му дава прилика во стартниот тим.
Доколку Јувентус побрзаше можеби полесно ќе стигнеше до потписот на Киеза. Новиот сопственик, Роко Комисо кој пристигна неодамна нема намера да се откаже од Киеза.
Сепак, младиот фудбалер изгледа цврсто стои на својата намера да се пресели во Јувентус и него од старата управа му беше ветено дека желбата ќе му биде исполнета сега Киеза тоа го бара и од новата структура.
Јувентус ја следи ситуацијата, се пишуваше дека се спремни да платат 70 милиони евра за неговите услуги, а ако Киеза остане на својот став изгледа дека виолетовите нема да имаат опција освен да ја прифатат понудата од Торино.
Низ медиумите кои ја следат ситуацијата може да се прочита и дека Киеза наскоро ќе поднесе и барање за трансфер.