Дома Фудбал Останато Мурињо: Клуб на кој му е доволно седмо-осмо место не е за мене

Мурињо: Клуб на кој му е доволно седмо-осмо место не е за мене

Рафа Бенитез неодамна го напушти Њукасл, а со клупата на овој клуб неодамна започна да се поврзува името на Жозе Мурињо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мурињо е без клуб откако ја прекина соработката со Манчестер Јунајтед и сега клубот чека соодведнта понуда за да се врати на тренерската работа.

Сепак, според неговата последна изјава Мурињо сака клуб кој ќе се бори за трофеи, а не само да биде во горниот дел на табелата.

„Она што го знам е дека сакам да играм и да победувам. Ако јас не победувам ,тогаш тоа е мој проблем, играчите, клубот, структурата…Сакам да работам на проект во кој ќе победувам. Ако некој ми даде некој план за десет години со цел клубот да биде во првата половина на табелата и седмото, осмото или деветтото место да биде задоволчвачко, тогаш тоа не е за мене. Сакам да работам за да победувам“, јасно порача Мурињо.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатно: Имал 20.000 следбеници пред СП, а сега има 28 милиони

Светското првенство може да изнесе херои и да ги промени кариерите преку ноќ, што токму му…