Дома Фудбал Останато Фергусон една работа од финалето во 2008 година нема никогаш да си прости

Фергусон една работа од финалето во 2008 година нема никогаш да си прости

Сер Алекс Фергусон е еден од најголемите тренери на сите времиња и легенда Манчестер Јунајтед, сега тој зборуваше за финалето од Лигата на шампионите во 2008 година кога неговиот тим го победи Челзи.

Финалето се играше на „Лужњики“ во Москва. Откако во регуларниот дел беше 1:1, победникот се решаваше во пенал рулетот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кај Јунајтед само Роналдо бепе непрецизен, додека кај Челзи не погодија Тери и Анелка и тоа беше доволно легендарниот Шкот да го освои трофејот во елитното европско натпреварување.

Меѓутоа во разговор за Манчестер Јунајтед ТВ откри детал од тој период кој како што кажува нема никогаш да го прежали.

„Да се освои Лигата на шампионите е фантастично чуство. Но, мојот најголем проблем во финалето во 2008 година беше што Џи-Сунг Пар не беше на списокот за тој натпревар, дури не беше ни на клупата. Ќе одиграше навистина голема улога во тоа финале. Сепак, некогаш е тешко да се избере“, изјави Фергусон.

Слично направи и со бугарскиот голгатер три години подоцна, Бербатов тоа никогаш не му го простил.

„На „Вембли“ 2011 година истото ми се случи со Берабтов и тоа тој не го прими добро. Не го заслужи тоа. Ниту еден играч не заслужува да биде изоставен од финалето“, порача легендарниот Шкот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…